Роналдо: Ќе продолжам да играм оваа и следната сезона, а потоа ќе размислувам
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо зборуваше за своите планови за иднината. Тој призна дека фановите го прават посреќен.
– Навивачите ме прават среќен и јас возвраќам. Ќе продолжам да играм оваа и следната сезона, а потоа ќе го погледнам своето тело и ќе размислам дали можам да продолжам или не. Напорната работа е она што ме донесе до врвот, изјави Роналдо за „ O Jogo“.
Португалецот игра за Ал-Наср од јануари 2023 година. По 12 натпревари на сите турнири, Роналд постигна 12 гола и шест асистенции.
Ал-Наср по 10 натпревари во Саудиска Арабија е на третото место со 22 бода.