НАТО ја казнува Кина поради тоа што не ја осуди Русија
Поради одбивањето да ја осуди руската инвазија во Украина, на Кина ѝ стигна опомена од НАТО.
Генералниот секретар на западниот воен пакт Јенс Столтенберг изјави дека НАТО ќе ја прошири соработката со партнерите во Азија поради одбивањето на Кина да ја осуди воената операција на Русија во Украина.
Заменик министерот за надворешни работи на Кина Ле Јученг порача пред неколку дена дека НАТО би требало да го почитува, како што кажа, „ветувањето дека нема да се шири на исток“.
Ле истакна дека со понатамошно проширување на НАТО, воениот пакт би се „приближил на предградијата на Москва“, од каде, како што наведе, проектили би можеле да го погодат Кремљ за седум до осум минути.
„Ако толку голема земја, особено нуклеарна сила, ја бутнете во ќоше, тоа има последици кои се премногу страшни за воопшто да ги замислиме“, истакна кинескиот дипломат.