Македонците се повлекуваат од Израел како знаат и умеат – кој преку Белград, кој преку Атина
Министерството за надворешни работи денеска информира дека уште девет наши државјани го напуштиле Израел, преку различни транспортни рути.
Станува збор за четворица со лет до Атина, тројца за Јордан и двајца за Белград. Вкупната бројка за изминативе три дена се искачи на 40 наши државјани што го напуштија Израел, соопшти МНР.
„Дваесет пријавени граѓани од пограничните региони, кои се сметаа за безбедносно – ризични, утрово се префрлени на безбедна локација во Тел Авив, од каде ќе се работи на нивно заминување од Израел.“, соопшти МНР.
Неколку од летовите за кои веќе било договорено место, биле откажани, па активностите за нивно приклучување во некои од денешните летови продолжува денеска.
Во моментов асистенција од МНР бараат околу 100 наши државјани.