Актуелно

Воспитувачка во велешка градинка ги терала децата да пушат електонски цигари 

Скандал во детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес. Како што е пријавено, воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари, пренесува порталот „Курир“

Според извори на медиумот, воспитувачката со иницијали В.И. во текот на изминатите неколку недели им давала на децата да пушат електронски цигари со различни вкусови. Откако дознале родителите за овој чин веднаш реагирале.

Според информациите, против воспитувачката е покрената дисциплинска постапка.

Изминатиов период има неколку скандали поврзани со работењето на градинката „Димче Мирчев“ во Велес.

Пред неколку месеци директорката е обвинета за спорни јавни набавки како и за лоша организација на градинката.

Претходно Министерството за труд и социјална политика ги одзема ингеренциите на градинката од општината Велес и градоначалникот Марко Колев.

Според изворите на Курир, родителите ќе ја тужат воспитувачката и градинката.

Воспитувачката е примена на работа пред неколку години кога градоначалник беше кадар на СДСМ, а во исто време од градинката беа отпуштени десетина воспитувачки со долгогодишно работно искуство во градинката.

Овој скандал е откриен откако дечињата од градинката неколку дена се жалеле на своите родители дека ги боли грло. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons