Втор ден протест на земјоделците од Овчеполскиот регион
Втор ден протест на земјоделците од Овчеполскиот регион, кои бараат да добијат вода во доволни количини за наводнување на своите земјоделски култури. Поддршка добија од Националната мрежа за земјоделци.
Ѓорѓи Каракашев од Националната мрежа за земјоделци вели дека протестот на Овчеполските земјоделци е оправдан и смета дека она што се случува е срам за Владата и за Водостопанство „Брегалница“.
Нема никаква одговорност и се подигруваат со човечки судбини. Ние сериозно ќе се зафатиме со решавање на овој проблем, ако треба ќе ги радикализираме протестите и ќе одиме до крај, а ќе ја информираме и канацеларијата на ЕУ“, вели Каракашев.