МакедонијаНајново

„Заврши времето на лаги и манипулиции на 700 дечиња и млади“ – Протест на лицата со дијабетес 

Сојуз на здружение на дијабетичари утре вечер ќе одржи предупредувачки протест пред Министерството за здравство. 

Во соопштението се вели:

-После најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка, после многу инвестирање во нашето достоинство на лицата со дијабетес, завршија сите рокови, логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации…

Заврши времето на лаги и обезличување на 150.000 граѓани, на 45.000 лица со дијабетес на инсулин! Заврши сето што можеше, „нашето”.


Министерство за здравство и „нашата” Влада на Република Северна Македонија ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија! Имаме најиновативна инсулинска и анти – дијабетна терпаија. Благодариме но не ја добиваме! Зошто?
Затоа што им поминаа и на администрацијата и на одговорните сите рокови… затоа што време да си го земеме она што по Устав, закон и буџет ни следи!

Спремни сме пред зградата на Министерството за здравство, на предупредувачки мирен протест, за безбеден и квалитетен живот на лицата со дијабетес! На овој протест повикуваме на достоинствено однесување, без насилство, нарушување на јавен ред и мир! СЗДСМ како организатор, не поддржува и однапред се оградува од било какво насилство, изрази на омраза, повици на немири и нарушувања на јавниот ред и мир! Ова е протест на лицата со дијабетес и се оградуваме од било какви други ознаки, присвојувања и обиди за негова инволвиораност во меѓу партиски, политички и други видови на пресметки! Здравјето пред се!

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons