БЕНЗИНИТЕ ПОЕВТИНУВААТ, ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА – Еве ги новите цени
Регулаторната комисија за енергетика со најновата одлука ги зголемува цените на нафтените деривати во просек за 0,03 отсто.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,465 проценти, кај дизелот за 2,506 отсто, кај екстра лесното масло зголемување за 2,274 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 1,512 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,309 проценти, соопштуваат од РКЕ.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари за литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,022 денари за килограм.
Од 27.6.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,007 (денари/килограм).