МакедонијаНајново

Ангела Агелер: Постои листа со имиња кои се разгледува и се собираат докази 

Амбасадорката на САД во Северна Македонија Ангела Агелер во изјава за медиумите денеска рече дека постои листа со имиња кои се разгледува и се собираат докази.

„За Рамиз Мерко има цврсти докази дека е дел од корупција. Овој процес се спроведува со големо внимание. Ова лице и неговото семејство им е оневозможен влез во САД“, изјави амбасадорката на САД.

Таа најави дека Мерко нема да биде единствен за оваа година.

„Се врши ревизија на сите докази на се што е утврдено и има една листа на имиња кои се во процес на ревизија и разгледување, откако ќе биде утврдени сите факти тогаш се носи одлука“, додаде Агелер.

Кога ќе биде објавен следниот?

„Не би можела да кажам кога ќе завршат сите овие процеси. Ќе има и други најави, но не можам да кажам кога. Ова е процес кој се спроведува со големо внимание. САД пристапува со големо внимание кон овој процес. Народот на Република Северна Македонија треба да има прави да им верува на избраните функционери“, изјави Агелер.

Таа вели дека со објавувањето на имињата и забраната за влез во САД завршува нивната работа.

„Ние не можеме да кажеме што понатаму,  Владата и судството треба да преземат мерки, но ние ќе продолжиме да соработуваме со тие кои имаат волја да соработуваат со нас“, додаде Агелер.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons