Почувствуван земјотрес во Македонија
Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почусвтвуван попладнево во 14 часот и 26 минути во подрачјето на Пехчево и Берово.
Епицентар на земјотресот бил на 280 километри источно од Скопје, во Република Бугарија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.6, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.