Со корупција се соочиле 40% од студентите
Корупцијата е присутна насекаде, во државните и образовните институции, кај професорите, но и кај студентите, а тоа е еден од факторите што влијае на квалитетот на високото образование во земјава. Ова беше констатирано на дебатата организирана од Институтот за демократија. Според истражувањето во студентските домови, 40 отсто од студентите се соочиле со корупција додека 29 отсто не знаат каде да ја пријават оваа појава.
Претседателката на Антикорупциската комисија рече дека од поднесените претставки излегува дека има негативна селекција, непотизам и клиентелизам на универзитетите.
Учесниците се согласија дека треба да се воспостават механизми за информирање на академскиот кадар и студентите за осуда на корупцијата.