Домати, кромид, банани, мандарини: Познато овошјето и зеленчукот чии цени ќе се замрзнат
Министерството за економија соопшти дека утре ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, при тоа откривајќи дека се работи за домати, крастивици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон.
Анализите на податоците за овие производи се завршени, а минситерот за економија Крешник Бектеши најави дека листата може да биде проширена.„Ги повикувам граѓаните да дадат исто така придонес во делот на дополнување на листата на производи како и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат во делот на овошје и зеленчук или други производи! Се грижиме ЗАЕДНО!“, објави министерот за економија Крешник Бектеши.Останува утре да се види која ќе биде максималната цена за овие производи и од кога ќе започне да важи одлуката.