ВИДЕО | Не е првоаприлска шега – Украина ја нападна Русија
Украински бобрени хеликоптери извршија напад врз руска територија. Во Белгородската област два украински хеликоптери извршија воздушни напади кои предизвикаа пожар во складиштето за нафта. Синхоризирано со хеликоптерските, украинските сили стрелаа со минофрлачи врз магацинот и врз позициите на руските сили распоредени долж граничната линија.
Откако избувна пожар во складиште за нафта во Белгород поради напад на украински хеликоптери кои влегоа во рускиот воздушен простор, безбедносните сили во областа Курск се ставени во состојба на висока готовност. Ова е втор напад на украинската армија врз руска територија. Целта на нападите е уништување на складовите за нафта кои преставуваат главна логистика на руските борбени единици кои изведуваат воени дејствија во Украина. Тежиштето на судирите во моментов е префрлоено на исток и на 37-от ден од воената унвазија врз Украина, руските трупи се насочуваат повторно врз Харков.
Овој град кој е втор по големина во Украина првите денови од „руската специјална операција“ беше во жариштето на борбите, но после неколку дена во овој реон стапи примирје.
Останува на сила промената на руската воена стратегија, која по борбите околу Киев, сега ги прегрупира силите и ги насочува кон источните региони на Харков и Донбас.
Проруските сепаратисти во Донбас во моментов контролираат околу 30 проценти на областа и во моментов се соочуваат со жестока украинска контраофанзива, со цел да ја вратат контролата врз отцепените територии.
Оттаму најверојатно доаѓа и промената на стратегијата на Русија, која по исцрпувачките битки за освојување на азовското пристаниште Мариупол и неуспешнната воена авантура за освојување на Киев, сега се обидува да ја преземе воената контрола врз истокот на Украина.
Разноликите воени прогнози и планови дека следна на мета на руските напади е црноморското пристаниште Одеса или пак престолнината Киев, сега судејќи според состојбата на теренот, ќе почекаат. Повеќе од јасно е дека руската армија се уште го чисти теренот во Мариупол, а се обидува и да воспостави контрола врз Донбас.
Доколку овие случувања продолжат, се добива впечаток дека и по 37 дена од руската инвазија, малку е постигната контрола на теренот.
Она што се повеќе останува како опција е новата насока на руските воени сили кои започнаа да се позиционираат кон централниот град Днипро, кој доколку го освојат, ќе ја поделат Украина на два дела – Источен и Западен.
По овие тактички маневри следна веројатно би била и Одеса, за која наголемо се прогнозира дека многу тешко ќе може воено да се освои, без притоа да биде жртва на разурнувања.
Од тактиката и динамиката на воените движења на руската армија ќе зависи и позицијата на Москва во идните преговори, но и крајот на војната во Украина.
Првичните прогнози беа дека војната ќе заврши во април. Сега останува мај како опција за прекин на војната. Повеќе од јасно е дека Москва и Путин сакаат воената интервенција да ја завршат до 9 мај, Денот на победата над фашизмот, дата кога традиционално се изведува голема воена парада низ Црвениот плоштад во Москва и каде се демонстрира митот за руската воена моќ.
Дали оваа година, по сите овие настани ќе биде парадата организрана и успешна, зависи од исходот на оваа војна. Путин има големи планови на овој ден да се пофали со денацификацијата во Украина и така победнички да повтори дека Русија и по 75 години повторно го победила фашизмот.
Но, од друга страна, влогот и желбите се едно, а реалноста сосема друго. Особено што моменталната фактичка состојба на теренот не ветува ниту победа, ниту пак скорешен прекин на војната.