МакедонијаНајново

Повторно избувна пожар во РЕК „Осломеј“ 

СВР Охрид објави дека вчера повторно избувнал пожар во термоцентралата Осломеј во Кичево, кој потоа бил изгаснат без повредени.

„На 23.03.2023 во 12.25 часот во полициското одделение во кичевското село Осломеј пријавено е дека во помошна котлара од електраната РЕК „Осломеј“ настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево“, објави СВР Охрид.

Претходно во термоелектраната избувна пожар на 24 декември а тогаш се гаснеше до полноќ. Гореше во просториите кај што биле сместени турбините а ЕСМ извести дека е исклучен од мрежа поради самозапалување на јаглен надвор од електраната, во делот за отпепелување.

Комбинатот е стар 42 години и користи сопствен и увозен јаглен, произведува електрична енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons