Магазин

Лила Филиповска за прв пат за канцерот: Додека некои мислеа дека во Истанбул сум на шопинг, јас бев на операција 

-И додека некои мислеа дека во Истанбул сум на шопинг, јас бев на операција, вели нашата позната водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска во интервју за магазинот „Убавина и здравје“

Во интервјуто вели дека се чувствува одлично и победнички.

-Последниот пет-скен покажа дека канцерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства. На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа, открива таа. 

Болеста не бира, потврдува Лила.

-Кога ќе помислев колку многу жени го поминале или го поминуваат мојот пат, си велев дека не морам сега да ги заморувам луѓето со мојот здравствен проблем. Што би се случило кога сите би давале интервјуа за своите проблеми?! Од друга страна, пак, веќе 25 години ја споделувам мојата интима со публиката, раскажувам за моите патувања, препорачувам производи и сметав дека е чесно да кажам дека се соочувам со сериозен здравствен проблем, дека ми дијагностицираа канцер на дојка и дека болеста не избира! Знаете, кога ја слушнав дијагнозата, бев во тотален шок! Можеби и ќе вриснев, но останав без глас, раскажува таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons