Утре Стразбур ќе пречесе – дали важат аболициите на Иванов
Судот за човекови права во Стразбур утре ќе ја соопшти одлуката за тоа дали важат аболициите на екс претседателот Ѓорѓе Иванов.
Со ова по цели шест години ќе се затвори прашањето дали обвинетите во четири предмети на СЈО можат да одговараат кривично за дела со кои се опфатени во предметите а дел од нив се и осудени.
Жалбата до Стразбур е поднесена во 2017 година а во нејзе се посочува дека еднаш дадена аболиција не може да биде отповикана.
Одлуките на Европскиот суд за човекови права од Стразбур според македонското право се обврзувачки за судовите па доколку утре Стразбур каже дека оваа теза е точна осудените ќе треаба да бидат ослободени, во спротивно ако Стразбур одлучи дека аболициите можат да бидат отповикани тогаш сите обвинети ќе подлежат на кривична одговорност.
Со аболицијата на Иванов во 2016 беа опфатени 54 лица. Дел од обвинетите во предметите за масовно прислушување „Таргет тврдина“, „Титаник“, „Транспортер“ и „ТНТ“.