Објавени се списоците: Проверете дали ви следи финансиска поддршка
Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.
Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 12.01.2023 година.
На веб страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени (корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош), а списоците може да се погледнат ТУКА.