745 пријави за субвенции за струја
До Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи категории домаќинства во 2025 година пристигнати се 745 апликации од двете категории корисници – домаќинства со деца со попреченост (488 апликации, од кои 344 ја имаат доставено потребната документација, а 144 се одбиени по различни основи) и згрижувачки семејства (257 апликации од кои 110 се со уредна документација, а 102 се одбиени).
„Очекуваме во јуни 2025 година да бидат објавени конечните списоци за двете категориина домаќинства, по што ќе почне исплатата на субвенциите. Согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, секое домаќинство кое ги исполнува критериумите ќе добие субвенција од 1.000 денари месечно за покривање на дел од трошоците за електрична енергија, во траење од 12 месеци. Оваа финансиска поддршка е дел од заложбата на Министерството за системска и правична помош за ранливите семејства, со јасно таргетирани мерки кои директно ги намалуваат енергетските трошоци на најзагрозените категории граѓани“, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.