Актуелно

60 проценти од населението на Македонија не е вакцинирано против ковид-19 

Речиси 60 проценти од населението на Македонија не е вакцинирано против ковид-19 односно, согласно податоците на Институтот за јавно здравје, околу 41,2% од вкупното население во земјата е вакцинирано со две дози, изјави заменик министерот за здравство Владимир Рендевски. Тој нагласи дека така голем дел од населението останува незаштитено од можните тешки последици од ковид-19 и има поголем ризик од смрт од оваа болст во споредба со тие кои биле вакцинирани. Тој порача граѓаните да не се колебаат и да се вакцинираат.

Заменик министерот Рендевски, заедно со претставникот на УСАИД Ерик Јановски, заменик претставникот на УНИЦЕФ Артур Ајвазов, градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани и претставници од СЗО денеска го посетија селото Неготино во општина Врапчиште, една од последните локации на караванот за информирање и вакцинација.

Минатиот петок, како што беше речено, здравствените домови пријавија за 11% зголемување во просечниот дневен број вакцинации во нивните објекти, во споредба со претходната недела.

„Јас ги имам примено сите вакцини и ги охрабрувам сите што ги исполнуваат условите да се вакцинираат тоа да го сторат. Докажано е дека вакцините се безбедни и ефикасни. Помагаат да се запре ширењето на болеста и нудат силна заштита од тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт поради инфекција со ковид-19. Затоа ги поддржуваме активностите како што е овој караван, за да се допре до повеќе луѓе, особено до ранливите и ризични групи“, рече претставникот на УСАИД Јановски.

Караванот ќе заврши за два дена, со остварени посети на вкупно 14 градски и рурални подрачја низ целата држава. Освен можностите да се прими вакцина против ковид-19 во локалните заедници, медицински екипи, придружувани од волонтери на Црвениот крст и студенти од медицински здруженија, споделуваа веродостојни информации за вакцинирањето, како и за придобивките од вакцинацијата и ризиците од одложување. Се даваа и информации за локациите и работното време на најблиските здравствени домови, каде има вакцини на располагање за сите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons