МакедонијаНајново

51-во место во светот за Македонија: Во рангот на „ВИСОКО БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ“ 

Од светските сили: Велика Британија е 30-та, Франција – 74-та, САД – 128-ми, Иран – 142-ри, Израел – 155-ти, а Украина и Русија се на последните 162. и 163. место.

За најбезбедна земја во светот се смета Исланд, а потоа следуваат Ирска, Нов Зеланд, Австрија, Швајцарија, Сингапур.

Институтот за економија и мир го објави најновиот Глобален индекс на мир (ГПИ). Станува збор за листа на најбезбените и најнебезбедните држави во светот за 2025 година.

На горниот дел од списокот, доминираат европските земји. Исланд е на врвот на листата, а од нашато поблиско соседство, Словенија е деветта, Хрватска е рангирана на 19. место, Бугарија – 29-та, Грција – 45., БиХ – 59. Косово – 63. Србија – 64-та итн. Извештајот опфаќа вкупно 163 земји. Меѓу првите 20 најбезбедни земји во светот се наоѓаат: Исланд, Република Ирска, Нов Зеланд, Австрија, Швајцарија, Сингапур, Португалија, Данска, Словенија, Финска, Чешка, Јапонија, Малезија, Холандија, Канада, Белгија, Унгарија, Австралија, Хрватска и Германија.

Општо земено, на листата има 74 искачувања, 87 падови и просечен општ пад на безбедноста во светот од 0,36 отсто.

Македонија се најде на 51. место, веднаш над Албанија и Обединетите Арапски Емирати коишто го делат 52. место. Нашата држава (27-ма меѓу европските држави) се наоѓа во делот „Високо безбедни земји“ од списокот.

Од светските сили: Велика Британија е 30-та, Франција – 74-та, САД – 128-ми, Иран – 142-ри, Израел – 155-ти, а Украина и Русија се на последните 162. и 163. место.

За најбезбедна земја во светот се смета Исланд, а потоа следуваат Ирска, Нов Зеланд, Австрија, Швајцарија, Сингапур

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons