Актуелно

31 година од прогласувањето независна држава Македонија 

Македонија денеска го празнува 8 Септември, Денот на независноста. Пред 31 година беше одржан референдум на кој 95 отсто од излезените 75,7 проценти од граѓаните со право на глас, се изјаснија за независна држава. На овој ден од плоштадот „Македонија” беше прогласено дека Република Македонија е независна и суверена држава. По деценискиот спор со Грција, во 2020 година Македонија стана членка на НАТО; но потоа евроинтеграцискиот пат беше запрен од Бугарија

На овој пресвртен ден во историјата на Македонија му претходеше  Декларацијата за независност усвоена од првото повеќепартиско македонско Собрание. Во јануари 1991 година пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија.

Државноста на 17 ноември таа година беше утврдена со усвојувањето на Устав на Република Македонија, државата и монетарно се осамостои со воведувањето на денарот на 26 април 1992, како и со формирањето на вооружение сили.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации државата беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Причина за тоа беше противењето од стрна на Грција на употребата на уставното име. 

По децениски преговори во 2018 година со Преспанскиот договор Република Македонија го промени името во Република Северна Македонија, со што во заборав замина референцата ПЈРМ, а новото име стана задолжително за надворешна употреба, но и за внатрешна употреба за официјални личности, официјални документи и за државните институции.

Во март 2020 година, откако Грција веќе не го блокираше евроатланскиот пат на земјава, Македонија стана членка на НАТО. 

Но, сега Македонија е на ново искушение бидејќи патот кон ЕУ го блокира Бугарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons