МакедонијаНајново

250 градежни дозволи само во февруари – води Скопје, ниту еден објект во Чаир, 115 објекти во Аеродром 

Само во февруари се издадени 250 одобренија за градба. Повеќе нови дозволи, 85 има во Скопскиот регион, по што следи Полошкиот со 53 и Југоисточниот регион со 38, покажуваат податоците на Заводот за статистика. Во однос на февруари лани, издадени се одобренија за 27,7 отсто помалку. Инженерот Неџат Бајрами вели дека една од причините е намалувањето на работната сила во земјава.

„Со кризата во Украина има голема флуктуација на цените на градежните материјали, каде што на пример железото и производите од железо, она што повеќе го користиме, се зголемени за над 80%, во однос на февруари минатата година. Исто така дрвото и производите од дрво поскапеа за околу 40-50%, но поголем пораст има и кај електричната енергија“, вели Бајрами. 

Во 146 или 58,4% од објектите како инвеститори се физички лица, додека кај 104 или 41,6% од инвеститорите се деловни субјекти. Но, дали овие објекти кои се градат можат да се прилагодат на сегашната инфраструктура?

„Не реков дека сме во норма затоа што особено во градот Скопје се гради многу, додека подземната инфраструктура е она што е изградено пред 30-40 или 50 години. За новите градби да ги користат услугите на нормалната општинска инфраструктура, мора да се направи проширување или реконструкција на подземната инфраструктура, што кај нас не се прави“, рече Бајрами. 

Заводот за статистика посочува дека е планирана изградба на 440 станови со вкупна површина од 40.405 метри квадратни. Од нив 182 се планирани во Скопје, односно 115 во општина Аеродром, 37 во Карпош, 12 во Илинден, 9 во Сопиште а ниту еден во Чаир, според статистика, по Скопскиот регион следи полошкиот регион со 130 нови станови, од кои 104 во Гостивар.

Пред извесно време ТВ21 објави дека во 2021 година е постигнат рекорд кога станува збор за градежни дозволи. Издадени се вкупно 7.892 во однос на просекот од периодот 2017-2020 година кога имало 3.670 дозволи за градба.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons