МакедонијаНајново

238 пешаци добија санкции од МВР во изминатите десет дена

Освен возачи, полицијата казнува и пешаци кои не ги почтуваат правилата. Не се поштедени ниту возачите на мотоцикли и електрични тротинети. 

Само во изминатите 10 дена санкции од сообраќајната полицијата добиле 238 пешаци.

– Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 43 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 238 пешаци и еден возач на електричен тротинет, информираа од полицијата. 

Исто така санкционирани се 754 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons