17-години има најмладата пациентка на Токсикологија, а затруено со алкохол било и момче на 14-години
Помалку пациенти се примени на Токсикологија за време на новогодишната ноќ. Директорот д-р Андон Чибишев кажа дека вчера се примени вкупно 22 пациенти. Примен е и пациент кој измешал алкохол со таблети.

„Од 22 прегледи, 18 пациенти се со акутни труења со алкохол. Четири пациенти се од женски пол, а 14 од машки пол. Сите пациенти се пуштени на домашно лекување“, рече Чибишев.
Тој ја кажа и возраста.
„Кај женските, најмладата пациентка е 17 години, а најстарата е 26 години. Кај машките 14 години има најмладиот пациент, 38 години е најстариот пациент“, додаде Чибишев.