Македонија

16 интервенции на извлекување давеници од Охридското езеро само во месец јули 

Зголемен е бројот на интервенции кај давеници во Охридското Езеро. Само од почетокот на месецов досега спасителите имале 16 акции – за среќа со позитивен исход.

Ова е прилично висока бројка ако се земе в предвид дека лани низ целата сезона имало вкупно толку интервенции. Најчесто се млади кои не се доволно вешти со пливањето.

Она што особено загрижува е фактот дека не сите плажи имаат најмено спасители на вода иако тоа е задолжителна законска обврска за концесионерите на плажите. Во Струга е најалармантно, од 15 плажи само на две има спасители. Од тамошниот Црвен крст велат велат дека концесионерите не водат грижа за безбедносните стандарди иако тоа им е законска обврска.

Црвен крст“ – Охрид до Министерството за транспорт и врски, Капетанија на пристаништата и Општините Охрид, Ресен и Дојран  постојано испраќаат извештај за состојбата со безбедноста на капалиштата, но ништо не е променето. Плажите немаат ниту обележана водена површина според Правилникот за видот и обележување на капалиштата. Нема граничник до каде во езерото е безбедно за пливање иако плажите се преполни со капачи, чамци и бродови.

Инаку спасителите поминуваат специјална обука за извлекување давеници, да даваат прва помош при посекотини и повреди во вода и на копно.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons