Спорт

13 земји досега обезбедија пласман на Светското првенство 2026 во фудбал 

Се пополнуваат местата за Светското фудбалско првенство, кое следната година ќе се одржи во три земји, а заеднички организатори се Канада, Мексико и САД.

На овој Мундијал за првпат во историјата ќе настапуваат 48 репрезентации.

Засега се познати 13 селекции кои ќе настапат на Светското првенство.

Покрај трите домаќини, на Светското првенство се квалификуваа Бразил, Еквадор, Аргентина, Јапонија, Иран, Јужна Кореја, Узбекистан, Јордан, Австралија и Нов Зеланд.

Интересно е што меѓу 13 потврдени учесници на Светското првенство има и еден дебитант, репрезентацијата на Узбекистан.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons