11 години не е ревидирана позитивната листа на лекови
Цели единаесет години не е ревидирана позитивната листа на лекови во државата. Фармацевтите алармираат дека на листата се наоѓаат лекови кои лекарите речиси и да не ги препишуваат повеќе, а на сметка на ова, граѓаните се принудени да плаќаат скапи лекарства.
„Во конкретниот случај, препаратите кои се на позитивна листа, а ги нема во промет, од време на време списокот е прочистен, верувам дека сега можеби нема ни во фармацевтската пракса, додека во клиничката пракса може да има. Сепак, подобрувањето на позитивната листа ќе ги избегне овие недостатоци.Во моментов има недостиг на антиепилептични лекови на пазарот, има и на други недостиг, но се надевам дека овој недостиг ќе се подобри во иднина“, рече Имер Имери-член на управен одбор на Фармацевска комора.
Граѓаните велат дека даваат големи суми на пари за лекарства, а добар дел од лековите кои ги користат ги плаќаат приватно.
„Лекарствата се многу скапи навистина.И треба да се преземе нешто, барем овие кои се основни лекарства да бидат на позитвна листа, за народот да има некој бенефит“, рече еден граѓанин.
„Пенизонер сум.Зависи од болестите, но терапијата е скапа.
Плаќате на првиватно или тие се лекови на позитивна листа?
На позитивна дел, а дел користам од непозитивната кои се скапи. За притисок плаќам по 10 евра секој месец. Сега на позитивната листа има лекови кои не се ефикасни и тоа е многу важно“, додаде друг граѓанин.
Од Министерството за здравство велат дека во изминатито период се работело интензивно на измените на законот за лекови и на новиот правилник, кој бил од 2012 година. За почеток на позитивната листа ќе бидат внесени лекови, кои се дел од примарната листа , а во втора фаза и лековите од болничката листа. Очекувањата се дека во текот на оваа година, граѓаните ќе можат да набавуваат нови иновативни терапии по пониски цени или без доплата./Алсат.мк