Џудистката Ива Богдановска освои сребро на Јуниорскиот Европски куп во Подгорица
Македонската џудистка Ива Богдановска освои сребрен медал на Јуниорскиот Европски куп во Подгорица, Црна Гора.
Со одлични борби во категоријата до -63 килограми, Богдановска уште еднаш го потврди својот квалитет и континуираниот напредок на меѓународната сцена.
Нашата натпреварувачка во својата група Д оствари победи над Николина Хрњак од Хрватска и Џејла Козљак од Босна и Херцеговина.
Во полуфиналето Богдановска ја совлада Хрватката Ника Маркулин, а во финалната борба загуби од Швеѓанката Андреа Моцаноски.
Во категоријата -57 кг., Лилјана Недановска во рамките од групата Ц загуби во борбата против Хана Бабулфат од Шведска, додека Сергеј Димитриоски во категоријата -60 кг., во групата Ц беше поразен од Израелецот Бен Тамари. Димитриоски во репасажот загуби против Стратос Харалампус од Кипар.



