Македонија

Џафери нема да дозволи референдум?!

Инфомакс пишува: Иако се доволни само 100, ВМРО ДПМНЕ во Собранието поднесоа 650 потписи за референдум, за кои тврдат дека ги собрале за половина час. На потег е претседателот на Собранието, кој треба да утврди дали иницијативата е уредна.

На иницијативата стои името Република Македонија, но Мицевски смета дека тоа не треба да биде причина за отфрлање, затоа што во моментот на потпишувањето на Договорот со Бугарија, тоа било официјалното име на државата.

Доколку иницијативата, сепак биде прогласена за неуредна, за неа треба да се произнесат пратениците на пленарна седница.

Во таков случај, координаторот на пратеничката група се надева на свеста на колегите од владејачкото мнозинство,особено на тие кои не го поддржаа францускиот предлог. Но, мнозинството пратеници остануваат на ставот дека референдум не треба да има.about:blank

СДСМ ќе чекаат да видат дали ќе помине иницијативата во Собранието, а потоа ќе се изјаснат дали ќе повикаат на бојкот или ќе гласаат против.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons