Ќе се намали цената на брашното
Oд следната недела ќе има и поевтино брашно.
Министерот за економија, Крешник Бектеши ја објави веста на социјалните мрежи.
„Денеска бев информиран дека од наредна недела ќе следи дополнително НАМАЛУВАЊЕ на цената на БРАШНО, од нашите производители! Нашата држава има општествено одговорни компании“; стои во објавата на министерот Бектеши.
Замрзнати се цените на оризот, јајцата, тестенините.