Актуелно

Ќе останат ли замрзнати цените на производите и во јануари?

Мерката за замрзнување на цените на прехранбените производи се очекува да продолжи и во јануари. За да не дојде до нови шокови за време на празниците, се очекува Владата да ги задржи замрзнати цените на прехранбените производи и безалкохолните пијалоци на пазарот на големо и на мало. Но, граѓаните велат дека со наближувањето на празниците цените веќе почнале да растат, особено оние кои не се со загарантирана цена, но и во малите дуќани и на зелените пазари каде не се издаваат фискални сметки.

„Скапо е. Во споредба со Европа, ние сме пониски со плати, но со цени сме повисоки од нив. Таму тие добиваат по 5 илјади евра, додека ние 300 евра, но со овие трошоци не успеваме да го поминеме месецот. Не знаеме што да правиме! Сакаат да ни ја извадат душата, не сакаат да живееме, малку ни даваат, умираме пред време, уште пензиите да им ги дадеме што ги добиваме од 200 евра што ни следуваат“.

„Да, нормално е секое поскапување да влијае на семејниот буџет затоа што овде знаеме какви се платите, стандардот во Македонија е низок и влијае на секое семејство.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека се чека извештајот на статистика за месец ноември и потоа ќе се одлучува кои мерки може да се продолжат. За разлика од граѓаните, Битиќи вели дека мерките го дале вистинскиот ефект, осврнувајќи се на намалувањето на инфлацијата.

„Ефектот од антикризните мерки беше намалување и омекнување на инфлацијата и стопирање на поскапувањето за крајниот потрошувач. Во октомври инфлацијата изнесуваше 3,5% или околу половина од онаа во септември. Нашите проекции се дека во ноември и декември инфлацијата ќе продолжи да се намалува, додека порастот на цените во октомври беше на ниво од само 1%, што е доказ дека мерките дале ефект“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Иако беше најавен предложениот закон за спречување на нелојалната трговија, тој се уште не доби зелено светло од Владата, за потоа да ги помине и собраниските процедури во Собранието. Иако беше најавено да се одобри до крајот на декември, за овие преостанати три недели, извршната власт планира да продолжи со сегашните мерки, да добие време да подготви закон кој ќе ги задоволи сите страни.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons