МакедонијаНајново

Ќе му се суди на Мухамед Зеќири, судот го одобри обвинението против него 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против поранешниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зеќири.

По спроведена истражна постапка и извршен увид од страна на обвинетиот и неговата одбрана, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт.

Според описот во Обвинителниот акт, обвинетиот се товари дека сторил продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од Кривичниот законик. Обвинетиот како службено лице – Генерален секретар на Владата на РСМ, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

Тој, во периодот од април 2021 година до март годинава, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги.

Имено, на 4.5.2021 година, обвинетиот, без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла потпомогнат од осомничените хрватски државјани, недостапни на органите на прогон, склучил договор за консултантски услуги со правно лице на износ од 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност. Ова правно лице, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, било основано дваесет дена пред склучувањето на Договорот.

По склучениот договор, правното лице склучило Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта на Северна Македонија Скопје со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност.

Во критичниот период, во повеќе наврати од сметката на Владата на РСМ се исплаќани парични средства на сметката на правното лице, со што за правното лице е прибавена значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100 денари, што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18% ДДВ, а за кој износ е оштетен Буџетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons