Македонија

Ќе може да заработуваат и малолетници и студенти – Изгласан законот за работно ангажирање на лица 

Во Собранието е изгласан законот за работно ангажирање на лица. 

Работно ангажирано лице согласно овој закон, може да биде:

– лице кое не е во работен однос

– вработено лице;

– самовработено лицe

-лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос;

– студенти;

– корисник на семејна и старосна пензија и

– странец кој има регулиран престој согласно закон.

– Согласно овој закон лицата кои ќе бидат ангажирани по овој однос нема да ги загубат стекнатите права по другите односи. На овој начин ќе имаме граѓани кои ќе можат дополнително да заработат, држава ќе наплати повеќе давачки и работодавачи кои ќе можат да ангажираат повеќе работници, порача пратеникот Антонио Милошоски. 

Усвоениот закон е изготвен на барање на работниците и работодавачите. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons