Ќе има пари, радувајте се: Месец јуни најсреќен за овие хороскопски знаци
Парите не носат среќа, велат… но во јуни, за еден хороскопски знак, ќе носат и повеќе од тоа: чувство на сигурност, олеснување, нови можности – па дури и малку гламур. Според ѕвездите, Скорпијата е апсолутниот финансиски фаворит на месецот.
Овој воден знак, познат по својата внатрешна сила и интуиција, конечно ќе добие заслужена награда. Станува збор за пари кои не доаѓаат преку класична плата – туку преку неочекувани канали:
*исплата од државата,
* решени судски или административни документи,
* продажба или изнајмување имот,
* или дури долг што некој конечно ќе го врати.
Дел од Скорпиите може да добијат и бонус, покачување или нов проект што носи значителен приход. Особено добар месец е за оние што работат самостојно или се во процес на градење нешто свое.
А ако си Скорпија, веќе знаеш – не мораш никому да кажеш колку си добила. Само ќе се насмевнеш и ќе си купиш нешто убаво.
* Совет од ѕвездите: Ако си Скорпија – искористи го моментот, инвестирај паметно, и не се плашиш да побараш повеќе – го заслужуваш.
А ако не си… време е да се дружиш со некоја што е! *