Ќе имаме два дена претежно суво време, но со појава на утрински мразеви
Метео анализа на Славчо Попоски:
Деновите среда и четврток 18/19 февруари во Македонија конечно ќе ни донесат релативно суво но ладно време. Тоа значи дека ќе бидеме под влијание на ладна и претежно сува воздушна маса од север која особено во утринските часови ќе ни донесе минусни температури и појава на утрински мразеви. Облачноста значително ќе се намали а особено во Повардарието и во југоисточните предели особено денес среда 18 февруари ќе дува силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час.
Преку денот температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 8/9 степени.
Значително ладно утро со појава на утрински мразеви ќе биде утрешното четврток 19 февруари кога поради целосното разведрување температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштат под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 2 степени.
Нови пообилни врнежи од дожд и од снег очекувам во петок 20 февруари но детална метео анализа токму околу ова следува во следните мои метео објави.



