Спорт

Јувентус силно заинтересиран за 16-годишната македонска фудбалерка Меланија Грозданова

Италијанскиот гигант Јувентус внимателно ја следи младата македонска фудбалерка Меланија Грозданова, која на само 16 години важи за еден од најперспективните таленти во Европа во нејзината генерација.

Информацијата ја објави познатиот новинар Руди Галети, кој истакнува дека Грозданова, висока и технички беспрекорно подготвена, оставила силен впечаток меѓу скаутите на „бјанконерите“. Според Галети, Јувентус верува дека таа совршено би се вклопила во нивниот долгорочен проект.

Грозданова оваа сезона блеска во дресот на Љуботен со осум постигнати голови, а веќе игра и за најдобрата македонска репрезентација. Настапува на крилната позиција и со брз напредок привлекува интерес од повеќе големи европски клубови, при што Јувентус моментално е најконкретен во намерата да го обезбеди нејзиниот потпис.

Преземено од: Sport.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons