Спорт

Јокиќ погоди со една рака преку цел терен, Денвер убедлив против Јута

Денвер забележа убедлива победа од 129-93 во пресметката против Јута, Никола Јокиќ ја „запали“ НБА со тројка со една рака преку цел терен, плус надмина еден рекорд на легендарниот Лери Бирд.

Никола Јокиќ утрово испиша нова историја во победата на Денвер против Јута од убедливи 129-93.

Србинот, и покрај тоа што ја преседе последната четвртина, натпреварот го заврши со 27 поени, 14 скока и 6 асистенции.

Со ваквиот учинок, тој ја надмина бројката од 16.000 поени, па со досегашните 8.000+ скокови и 5.000+ асистенции, го надмина рекордот на легендарниот Лери Брд и стана играчот кој најбрзо стигнал до вакво постигнување (739 натпревари).

Покрај рекордот, Никола Јокиќ ја „запали“ НБА и со луд кош, погоди со една рака преку цел терен.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons