Јокиќ ги промаши сите обиди за три поени, но Денвер поведе во серијата со Оклахома
Кошаркарите на Денвер нагетс славеа против Оклахома со 113-104 по продолжение во вистински трилер натпревар одигран на домашен терен, поведувајќи со 2-1 во полуфиналната серија од плејофот на Западната конференција.
Публиката во „Бол арена“ беше сведок на неверојатна драма, Денвер го избегна поразот благодарение на тројката на Арон Гордон 28 секунди пред крајот на регуларниот дел, со што се избори продолжение. Јокиќ имаше шут за победа во последната секунда, но не беше прецизен.
Во дополнителните пет минути, домаќините беа пофокусирани и убедливо ја решија битката во своја корист. Најефикасен кај Денвер беше Џамал Мареј со 27 поени и 8 асистенции, додека Никола Јокиќ одигра под своето ниво и ги промаши сите 10 обиди за тројка, додека вкупно шутираше 8/25 од поле, со дури осум изгубени топки.
Сепак, српскиот центар успеа натпреварот да го заврши со импресивна статистика од 20 поени, 16 скокови и 6 асистенции.