Спорт

Јован Манев ја засили Ријека

Македонскиот репрезентативец и фудбалер од одбраната, Јован Маневкариерата ја продолжува во Ријека.

Хрватскиот клуб денеска потврди дека Манев потпишал соработка до 2027 година и за него ова е враќање во Хрватска каде што минатата сезона настапуваше за Осијек како позајмен фудбалер од Адана Демиспор.

Во Ријека пристигна како слободен фудбалер откако претходно го раскина договорот со турскиот клбу. Кариерата Манев ја започна во Брегалница за која одигра 30 натпревари, додека за Македонија собра десет настапи во кои постигна и еден гол.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons