Јовановски ќе биде првиот македонски параолимпиец кој ќе настапи на Зимска параолимпијада
Скијачката федерација на Македонија со огромна гордост објави дека Зоран Јовановски ќе биде првиот македонски параолимпиец кој ќе настапи на Зимска параолимпијада – Зимските параолимписки игри Милано-Кортина 2026.
Ова е историски чекор за скијачките спортови во Македонија и доказ дека со визија, системска работа и посветен тим можеме да поместуваме граници и да создадеме нови страници во спортската историја.
Скијачката федерација на Македонија упатува искрена благодарност до целиот стручен тим.
– Тренерите Јане Стефанов и Петар Илев за професионалноста, посветеноста и вербата
– Вангел Тркаљанов кој го донесе параскијањето во државата и организираше над 20 ски кампови
– Целиот организациски тим и сите кои придонесоа овој успех да стане реалност
Федерацијата останува цврсто посветена на развојот на скијачките спортови, создавање еднакви можности и градење систем што ќе овозможи нови генерации спортисти да стигнат до најголемите светски сцени.




