Актуелно

Јовановиќ: Дете кое питачи во една смена заработува 45.000 денари месечно (Видео)

Секојдневно на улица има над 1.900 деца кои питачат, 18.000 се надвор од системот за образование, 1.500 деца се фантоми без извод од матична книга на родени. Илија Јовановиќ е претеседател на Здружението „Градиме иднина“ од Скопје. Во моментов тој работи на проектот „Стоп против питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“. Јовановиќ ва утринската емисија „Слободен печат“ на Слободна ТВ вели дека едно дете доколку работи во една смена месечно заработува околу 45.000 денари.

– Проектот е резултат на долгогодишно истражување. Започна со помош на медиумите, нема потреба од пари за да опстане. Треба да го превземат Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјала и сите останати за да децата се тргнат од улица. До сега од улица се отстранети над 1.500 деца од улица. Но од другите градови секое утро се носат на скопските улици бидејќи дневницата е најголема овде. Дневен промет на едено дете е од 3.000 до 3.500 денари доколку работи цел ден- вели Јовановиќ.

Според него децата се свесни за тортурата од страна на старателите па често и бегаат, но потоа се претепувани до смрт од нивна страна.

-Децата заработуваат многу, според наши пресметки и над 45.000 денари месечно- вели Јовановиќ. Тој вели дека станува збор за бизнис и најчесто родителите свесно ги продаваат децата.

Целото видео погледнете го тука:

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons