Спорт

Јакимовски се врати од САД и потпиша за италијански Тренто

Македонскиот кошаркар, Андреј Јакимовски ја заврши епизодата во САД каде играше во универзитетската лига и се врати во Европа, во новата сезона ќе настапува за Тренто.

Италијанскиот кошаркарски клуб Тренто го потврди ангажманот на Андреј Јакимовски со кого потпиша двегодишен договор.

Македонецот во Италија пристигнува по сезоната во Универзитетот Колорадо Болдер каде имаше просек од 10,2 поени, 5,1 скокови, 1,3 асистенции и 1 украдена топка по натпревар, на 34 натпревари во НЦАА лигата.

За Јакимовски ова не е прво искуство во Италија бидејќи веќе настапи на еден натпревар во тимот до 18 години на Умана Рејер од Венеција на турнир во Белград, а исто така во сезоната 2019/2020 запиша седум настапи за Торино во втората италијанска лига.

Тренто е еден од подобрите италијански клубови, во наредната сезона ќе настапува во Еврокупот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons