Спорт

Ѓорѓиев во новата сезона ќе има нов клуб

Најдобриот македонски одбојкар и капитен на репрезентацијата, Никола Ѓорѓиев во наредната сезона ќе игра за Рапид Букурешт.

Самиот Ѓорѓиев преку социјалните мрежи го потврди својот нов клуб, нагласувајќи дека Романија ќе биде деветтата земја каде што ќе настапува во неговата кариера.

„Во мојата 21 интернационална сезона ќе играм за екипата на Рапид Букурешт од Романија. Ќе биде ова деветта земја во мојата интернационална кариера и едвај чекам да ги запознаам моите нови соиграчи, тренери, фанови и заедно да се бориме да освоиме трофеи за овој прекрасен клуб. Нека биде Бог со нас“, напиша Ѓорѓиев.

Во својата кариера Ѓорѓиев покрај Македонија и сега Романија досега настапуваше во: Србија, Италија, Турција, Јапонија, Полска, Германија и Словенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons