Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
На дуел кај Иван, кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски потенцираше дека ветувањето за чисто Скопје во рок од 72 часа е реално и остварливо.
„Јас стојам зад тоа што сум го ветил дека градот може за 72 часа да биде чист, убеден сум дека 117 камиони има, а само 17 се исправни, 46 има метлачки и камиони за перење на улици, а само 6 се исправни, имам добар план и визија како ќе го направам тоа”, појасни Ѓорѓиевски.
Освен градските и општинските власти, Ѓорѓиевски рече дека и граѓаните и општествено одговорните компании ќе помогнат во овој процес.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



