Ѓорческа се пласираше меѓу осумте најдобри на силниот турнир во Мадрид
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше меѓу осумте најдобри на челинџер турнирот во Мадрид, откако нејзината противничка Алина Корнеева го предаде мечот на почетокот од вториот сет.
Руската тенисерка Корнеева беше сериозна фаворитка во овој дуел, таа е 122 место на ВТА листата, а така и го почна мечот против Лина, го доби првиот сет со 6-3.
Вториот сет Ѓорческа го отвори со брејк, поведе со 1-0, по што Корнеева предаде поради повреда.
Македонската тенисерка во четвртфиналето ќе игра против Лиза Пиџато од Италија која е 189. место на ВТА листата.



