Спорт

Ѓорческа се врати меѓу најдобрите 200 тенисерки во светот 

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа петта недела по ред има значен скок на ВТА листата.

Благодарение на пласманот во четвртфиналето во Куршумлијска Бања, таа напредуваше девет позиции и по подолго време се врати меѓу најдобрите 200 во светот.

Од денеска таа е на 198. место на ВТА табелата, нејзиниот најдобар пласман во кариерата е 170. место.

Ѓорческа оваа недела требаше да настапува на турнирот во бугарскиот град Пазарџик, но го откажа својот настап, реши да земе одмор по напорното темпо со турнири во Романија и Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons