Спорт

Ѓорческа напредуваше за осум места на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа има скок од осум позиции на најновата ВТА листа.

Ѓорческа сега е на 191. место на ВТА. Напредокот се должи на пласманот во четвртфиналето на силниот челинџер турнир во Мадрид.

Најдобар пласман на Ѓорческа во кариерата е 170. место.

Прва на листата и оваа недела е Сабаленка, а меѓу најдобрите десет се и Рибакина, Гоф, Швјонтек, Пегула, Свитолина, Паолини, Андреева и Мбоко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons