Ѓоковиќ ќе има тежок пат до финалето на Ролан Гарос
Објавен е списокот на носители за престојниот грен-слем турнир, Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ го брка својот 100. трофеј во кариерата, но ќе има тешка задача за да дојде до него.
Србинот е шести носител, а тоа значи дека уште во четвртфиналето може да се сретне со некој од најдобрите четворица.
Прв носител во Париз ќе биде Јаник Синер, втор Карлос Алкараз, трет Зверв, четврти Фриц и петти Џек Дрејпер. Сите тие можат да бидат ривали на Новак во четвртфиналето.
Сличен ждреб Ѓоковиќ имаше и на Австралија Опен каде што прво играше со Алкараз во четвртфиналето и успеа да победи со 3-1 во сетови, а потоа беше елиминиран од Алкесандар Зверев. Ако се пласираше во финалето, таму го чекаше Јаник Синер.
Пред Ролан Гарос како подготвка Ѓоковиќ ќе настапи и на турнирот во Женева.