Ѓоковиќ станал еден од сопствениците на славен француски фудбалски клуб
Најдобриот српски тенисер и еден од најуспешните спортисти на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, се впушти во нов предизвик, стана дел од сопственичката структура на францускиот фудбалски клуб Ле Манс, објави денеска реномираниот весник „Л’Екип“.
Клубот Ле Манс има богата историја и долг период се натпреваруваше во најсилната француска лига, но во моментов е дел од втората лига и се обидува да се врати во елитната конкуренција.
Ѓоковиќ не е сам во овој амбициозен проект, покрај него стојат и големи имиња од светот на мотоспортот, меѓу кои и поранешниот Формула 1 возач Фелипе Маса, актуелниот возач Кевин Магнусен, како и Горгос Франгулис, дечкото на тенисерката Арина Сабаленка.
Идејата зад заедничката инвестиција е да се спојат фудбалот и мотоспортот, нешто што природно се надоврзува на традицијата во Ле Манс, градот кој е светски познат по трката „24 часа Ле Манс“. Франгулис веќе има искуство со спортско менаџирање, бидејќи е активен во управувањето со бразилскиот клуб Коритиба. Новата група на инвеститори си поставила јасна цел, враќање на Ле Манс во елитната Лига 1.