Спорт

Ѓоковиќ со пресврт го доби Ханфман за пласман во осминафинале во Шангај

Новак Ѓоковиќ по голема борба во три сета го совлада Германецот Јаник Ханфман со 2-1 (4-6, 7-5, 6-3) и се пласираше во осминафиналето на мастерс турнирот во Шангај.

Српскиот тениски ас загуби еден свој сервис во првиот сет и Ханфман го доби со 6-4, Германецот поведе со 1-0.

Во вториот сет при водство од 6-5, Ѓоковиќ направи брејк за 7-5 и израмнување на 1-1 во сетови.

Еден земен сервис беше доволен и за третиот решавачки сет, Ѓоковиќ го направи тоа, го доби сетот со 6-3 и победи со 2-1.

Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра против шпанскиот тенисер Хауме Мунар кој со 2-1 во сетови беше подобар од Нишиока.

Фото: EPA

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons