Спорт

Ѓоковиќ се израмни со Рафа Надал на „вечната“ мастерс листа 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја оствари 410 победа во кариерата на турнирите од серијата 1000.

На тој начин, Ѓоковиќ се израмни со Шпанецот Рафаел Надал на „вечната“ листа во овој параметар.

Ѓоковиќ во рамките од второто коло на мастерс турнирот во Мајами, САД, триумфираше против Ринки Хиџиката со резултат 6:0 и 7:6 (1).

Ѓоковиќ успеа да слави после три порази во низа, што не му се случило од 2018 година.

Следен ривал на српскиот ас во Мајами ќе биде Аргентинецот Камило Уго Карабељи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons